Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.
Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.
Тој , меѓудругото додаде дека единствена мерка која произлегува од оваа одлука за прогласување на енергетска криза е да се вбризгуваат финансиски средства во енергетските компании се со цела да се стабилизира состојбата на пазарот со електрична енергија.
-Како влада во моментот сме фокусирани на успешно справување со предизвиците настанати од глобалната енергетска криза. Повторувам дека донесуваме кризна состојба се со цел да го подобриме работењето на енергетските компании, да се зголеми нивната ликвидност а никако да донесеме рестриктивни мерки што би влијаеле негативно на секојдневниот живот на граѓаните, изјави Бектеши.
Facebook Коментари