Во последниве три дена регистрирани се 524 нови случаи на ковид 19, во Струга 3

- Македонија
462

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022):

Направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес – 16, Прилеп, Кавадарци и Штип  – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино – 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово – по 2, Кочани, Ресен, Свети Николе и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (524), регистрирани се 29 реинфекции.

Регистрирани сe 463 оздравени пациенти од: Скопје – 244, Битола – 40, Куманово – 33, Охрид – 32, Тетово – 19, Велес – 17,  Прилеп и Кавадарци – по 15, Штип – 12, Струмица – 6, Гостивар и Кичево по 5, Делчево – 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка и Крушево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Дебар, Пробиштип, Богданци и  Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (08-10.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022.

Во Струга моментално има 10 активни случаи.

Facebook Коментари