Време: Денеска облачно со дожд и грмежи, стабилизација за викенд

- Македонија
560

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.  УВ индексот ќе има вредност 6, а дневната температура ќе се движи во интервал од 21 до 33 степени. Од сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност . Дожд и грмежи во поладневните часови ќе има на североситок. За време на викендот ќе имаме осетен пораст на температурите. Максималната температура во сабота и недела ќе го достигне 36-от степен.

Извор : УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари