Македонија ја совлада Украина и обезбеди полуфинале

- Спорт
648

Македонската младинска репрезентација ја совлада Украина и обезбеди учество во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот. По комплетирањето на групната фаза, можеме да констатираме дека нашата репрезентација покажа најмногу во својата група, загуби само еден бод и заслужено заврши како првопласирана во групата “Б“, што веќе е резултат достоен за почитување. Со ова, барем во полуфиналето ја избегнавме Белорусија, која е селекција што остави најдобар впечаток во групата “А“.

Македонија ја совлада Украина со резултат 28:27, во меч кој изобилуваше со пресврти и во кој нашата репрезентација имаше проблем во првото полувреме, кога противникот, со серија од 5:0, поведе со дури 4:9. Сепак, до крајот на првиот дел нашите репрезентативци се вратија во игра и на одмор заминаа со негатива од само еден гол, 14:15.

Во вториот дел Македонија заигра многу поцврсто во одбраната и тоа резултираше со пресврт во водството. Сепак, вистинската драма се случи во последните три минути, кога Украина постигна два едноподруго гола и поведе со 26:27. Остануваа две минути надеж, но и тие беа доволни за расположениот Марио Танкоски, кој имаше најмногу нерви и кој постигна два гола во серија и ни донесе минимална, но исклучително значајна победа. Танкоски средбата ја заврши со дури 10 постигнати гола.

Македонија во полуфиналето ќе се сретне со селекцијата на Фарските Острови, второпласирана во групата “А“. Нашиот противник во групната фаза оствари три победи, но забележа и два порази.

Македонија – Украина  28:27 (14:15)

Македонија: Петковски (5 одб., 1 сед.), Кизиќ (3 одб.), Јагуриновски 1/3, Димитриоски 4/5, Андонов 1/1, Танкоски 10/14, Димитровски, Стојановски, Шилегов 5/5, Серафимов 3/3, Арсеновски 2/2, Костески, Кукуловски, Петровски 0/2, Атанасовски, Мишевски 2/5.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 8 мин.

Извор и фото: РК Металург

 

.

Facebook Коментари