Време: Денеска облачно и ветровито, утре врнежи од снег

Денеска во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 3 до 11 степени. Утре ќе преовладува облачно и постудено време, во претпладневните часови ќе има врнежи од снег кои ќе бидат поизразени во западните делови од земјава.
Извор: УХМР
Strugaonline

