Селекторот Раул Гонзалес води 19 ракометари на подготовки во Белград

- Спорт
1061

По кратката, дводневна, пауза денеска продолжуваат подготовките на сениорската репрезентација на Македонија. До четврток нашите репрезентативци ќе се подготвуват во Скопје, а потоа ќе заминат за Белград, каде ќе ги одиграат и двете предвидени контролни средби, најпрво со Саудиска Арабија (4 јануари), а потоа и со Србија (5 јануари). По паузата за божиќните празници, репрезентацијата ќе продолжи со тренинзите во Скопје, а заминувањето за Загреб е предвидено на 12 јануари. Својот прв натпревар на ЕП во Загреб нашата најдобра селекција ќе го одигра на 13 јануари, а наш прв противник ќе биде силната селекција на Словенија, третопласираната селекција од последното СП во Франција.

Селекторот Раул Гонзалез се определи за листата од 19 ракометари, а од претходниот список отпаднаа Мартин Томовски и Горан Крстевски, кои сепак ќе продолжат со заедничките подготовки по враќањето на репрезентацијата од Белград.

Во Белград Раул Гонзалез ќе ги води: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Аце Јоновски, Велко Маркоски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски.

Извор и фото: rkmetalurg.mk

Facebook Коментари