Време- Денеска сончево и многу топло, утре пад на температурите

- Македонија
325

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. УВ=9. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 33 до 40 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. УВ=8. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 28 до 37 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари