Екипите на ЈП Комунално интензивно на терен, Струга чиста и атрактивна за туристите

- Локални
489
Вработените во „ЈП Комунално-Струга“, предводени од директорот Икмет Ислами, ја продолжуваат својата неуморна работа на терен, за почиста и поубава Струга.
Во пресрет на туристичката сезона, вработените во ЈП Комунално Струга спроведоа акција за генерално чистење на крајбрежјето и пешачката патека на потегот од Црвен Крст до Евро Хотел
Во рамките на акцијата се вршеше машинско косење со трактор со специјален приклучок мучер како и чистење на ивичните траки, чистење на дивата вегетација, кастрење на суви и надвиснати гранки подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите за отпадоци како и миење на пешачката и велосипетската патека со цистерна.
-Благодарение на менаџерскиот тим и вработените на ЈП Комунално, Струга веќе го добие заслужениот изглед, од ден на ден станува се поатрактивна и за нејзините граѓани и за туристите кои ќе го посетат нашиот град оваа летна сезона.- стои во соопштението од ЈП Комунално.
Strugaonline

Facebook Коментари