Време: Денеска сончево и топло, утре облачно со врнежи од дожд

- Македонија
55

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде ќе достигнува над 70 км/час. Кон крајот на денот ќе настапи наоблачување, во западните делови со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 12 до 21 степен. Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 13 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари