Време: Денеска сончево со максимални 15 степени, во недела се очекуваат врнежи од снег

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно сончево време. Утрото ќе биде студено со услови за слаба магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени. Во сабота претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сонечви периоди, а попладне облачноста ќе се зголемува и се очекуваат врнежи од дожд. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела во западните и северните делови од земјава се очекуваат врнежи од снег
Извор: УХМР
Strugaonline

