Време: Денеска сончево со умерена облачност, во ноќните часови врнежи од дожд

- Македонија
793

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од јужен правец.  По одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Во западните делови кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните и ноќните часови и појава на локален дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, а на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари