Време: Денеска умерено облачно со умерен западен ветер, нови врнежи од петок

- Македонија
923

Денеска во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со умерен западен ветер. Само во крајните западни и источни планински подрачја со услови за локален дожд. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 19 степени. Утре ќе преовладува претежно сончево време, во централните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен западен и северозападен ветер. Нови врнежи од дожд се очекуваат од петок.

Извор: УХМР

Strugaonline

 

Facebook Коментари