Општина Охрид започна со имплементација на европскиот партнерски проект за управување со културно наследство

- Локални
901

Европските партнери  ја започнаа имплементацијата на проектот „Interregional Cultural Heritage Management e- System” (IRC HERMeS) со  првата заедничка работна средба која се одржа во Лимасол, Кипар.

На првиот состанок на проектните партнери од општина Охрид присуствуваа  Антонио Балески  и  Ѓорѓи Трпески.

Покрај активностите во согласност со Агендата на оваа работна средба, имаше и своја презентација за Охрид и неговото значење како светско природно и светско културно наследство.

Проектот IRC- HERMeS е дел од програмата Interreg Balkan- Mediterranean на Европската Унија, кој опфаќа пет земји и четири места од УНЕСКО и тоа: Охрид од Македонија, Крф и Самос од Грција и Ѓирокастра од Албанија. Водечки партнер на проектот е Универзитетот за технологија од Кипар. Партнери во проектот се општините Охрид, Крф, Самос, Ѓирокастра, како и  истражувачки центар од Атина и организација за култура.

Главна цел на проектот е дигитализација на културното наследство,  промоција на културното наследство, развој  на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство.

Извор и фото: Општина Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари