Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со температури значително под просекот за овој период од годината. Особено студено ќе биде во утринските часови кога на некои места температурата ќе се спушти и до -10 степени. Во западните и крајните северни делови ќе врне повремен слаб снег , особено претпладне. Ќе дува умерен северен ветер, а дневната температура ќе се движи во интервал од -7 до -1. Посебно студено време се очекува во четврток кога утринската температура ќе падне и 17 степени под нулата. Попладне во западните делови ќе има врнежи од слаб локален снег. Затоплување се очекува од петок.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари