Најмногу снег има во Крушево, Тетово и Охрид

- Македонија
787

Според информациите од УХМР најмногу снег во градовите наврнало во Крушево 50 сантиметри, во Тетово 28 сантиметри, а во Охрид снежната покривка изнесува 26 сантиметри. Според најавите на синоптичарите утре и задутре ќе бидат исклучително студени денови. Посебно ниски утрински температури ќе има во четврток кога на места се очекува да бидат измерени и -17 степени. Повремен локален снег ќе врне во западните и крајните северни делови. Од петок се очекува значително затоплување.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари