Во текот на следните неколку денови ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса која преку денот ќе условува натпросечно високи температури на воздухот кој за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Сепак многу пониски ќе бидат минималните утрински температури на воздухот па така максималните и минималгните ќе имаат голема разлика, наутро температурите ќе се спуштаат на повеќе места и под 10 степени односно во интервалот од 6 до 15 степени во најтоплите предели од државава. Времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец додека наутро по одделни котлини ќе се создаваат услови за појава на магла. Ваквите временски прилики кај метеопатите има услови да создадат и здравствени проблеми, односно поради големата разлика на минималните и на максималните температури на воздухот кај истите можна е појава на главобока, тежина на главата и на телото како и повремена нервоза и нерасположеност. Кај оние граѓани кој се доста чувствителни на временските прилики и кај оние кај што ќе се појават позначителни здравствени проблеми задолжително да се обратат кај својот доктор.
Подготви: Славчо Попоски
Facebook Коментари