Облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -2 до 4 степени.
Утре ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито. Во источните делови променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -4 до 3 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари