Поради врнежи од снег, на повеќе патни правци има забрана за тешки товарни возила

- Македонија
461

Поради обилни врнежи од снег, ноќеска и утрово се воведени забрани за сообраќај на тешки товарни возила на неколку патни правци во Република Македонија, информираат од АМСМ.

Од 04:50 часот, поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар-Маврово.

Од 08:30 часот, поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин „Стража“.

Од 09:00 часот, поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“.

– Во северните и североисточните краеви на земјата поради паѓање на снег и дожд сообраќајот се одвива по влажни коловози додека во останатите делови на земјата сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

извор: АМСМ

Facebook Коментари