Денеска ќе преовладува облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 17 степени. Утре ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови особено во југозападните и јужните делови од земјава. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари