Време: Облачно и студено со повремени врнежи од снег

- Македонија
638

 

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 1 до 3 степени. Утре ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 1 до 7 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари