Објавен конкурс за десеттата Школата за млади лидери на претседателот Иванов

- Македонија
773

Објавен е конкурсот за  Школата за млади лидери 2019 под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Школата ќе се одржи во период од 11-ти до 24-ти февруари, а целта е инспирирање и развој на исклучителни млади лидери.

Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Програмата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјата и од странство, фокусирани на искуствата и знаењата кои би ги поттикнале учесниците да креираат заеднички решенија за предизвиците од 4-та индустриска револуција.

Наставата ќе се одвива на македонски и англиски јазик. Бројот на учесници е ограничен. Право на учество имаат сите млади од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Трошоците за сместување и програмските активности ќе бидат покриени од страна на организаторите.

Целиот конкрс можете да го најдете на следниов ЛИНК

Ова ќе биде 10-та јубилејна школа. Школата за млади лидери првпат се одржа во август 2010-та година во Охрид.

Во изминатите девет години на школата учествуваа 360 млади луѓе со различна академска и професионална определба и над 200 предавачи.

Strugaonline

Facebook Коментари