Време-Облачно со сончеви периоди, во западните делови со услови за слаб дожд

- Македонија
417
 

Наутро понекаде со услови за појава на магла, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на истокот. Во крајните западни делови ќе е пооблачно и ќе има појава на повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 16 степени.  Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западните делови ќе има повремен дожд, само на повисоките планини снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират кон исток. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари