АМСМ: Поради минирање, утре од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

- Македонија
357

Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, кај селото Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 10 до 15 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.

Oд таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

извор: АМСМ

фото: архива

Facebook Коментари