Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени. Утре ќе биде променливо облачно со умерен ветер од југозападен правец. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено попладне. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 29 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари