Започна изградбата на патека за пешаци и велосипеди во Струга

- Локални
338
По потпишувањето на договорот за проектот „Изградба на патека за пешаци и велосипеди на улицата Партизанска“, денеска реализацијата започна и во пракса.
„Станува збор за проект кој што вреди околу 800 илјади евра, финансиран од Светска банка и Општина Струга. Ова шеталиште освен што ќе служи за слободно и безбедно движење на пешаците и велосипедистите, ќе  разубави и дел од главниот пат на Струга, правејќи го градот попривлечен за локалното население и туристите.“ – соопштуваат од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари