Време-Облачно со врнежи од дожд , на места поројни и проследени со грмежи

- Македонија
309

Претежно облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи (локално се очекува да наврнат над 15 л/м2). На планините на северозапад ќе врне снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени. Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои понекаде краткотрајно ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 10 до 19 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари