Време-Облачно со врнежи од дожд, на планините снег

- Македонија
436

Денеска ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег, особено попладне. Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25 л/м2), особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени. Утре ќе биде  претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Извор: УХМР

Facebook Коментари