Време-Облачно со врнежи од дожд, наместа обилни проследени со грмежи

- Македонија
436

Облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 21 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари