Време-Пад на температурите за 10 степени, врнежи од дожд и снег

- Македонија
402

Под влијание на влажен и студен воздушен бран денеска ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе се од снег. Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со ниски утрински температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари