Време- Претпладне облачно со дожд, попладне облачноста ќе се намалува

Претпладне променливо облачно со локален дожд, претежно во југоисточните делови. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=6. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 26 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 28 степени.
Извор: УХМР

