Oпштина Струга и МОН ќе реализираат низа проекти за основните и средните училишта во Струга

- Локални
512
Општина Струга со Министерство за образование и наука има соработка во реализација на заеднички проекти за основните и средните училишта на територијата на општина Струга. Општина Струга објави дел од планираните проекти:
По поднесување на проектот од страна на општина Струга ќе се направи целосна реконструкција, внатрешно и надворешно на основното училиштето “Браќа Миладиновци” – Струга, постапката за јавна набавка е на крај а реализација ќе започне во септември. Вкупната вредност на ова инвестиција е 33.000.000,00 милион денари.
 Во подрачното основно училиште во с.Враништа ќе се изведуваат градежни работи, санација и реконструкција за постигнување на енергетска ефикасност, постапката е на крај од изборот на економскиот оператор и се очекува да започне со изведба во септември.
 Преку финансирање од Светска Банка беа поднесени проекти за реконструкција на основните училишта во с. Подгорци, Радолишта и основно училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга.
Општина Струга во соработка со Центарот за развој на ЈЗПР аплицираше со проект за целосна надворешна и внатрешна реконструкција, со мерки за енергетска ефикасност за основно училиште „Бафтјар Бануши“ – с. Заграчани и подрачнотп основно училиште во с. Мороишта. Се очекува да биде одобрен од Националниот централен совет и да се започне реализацијата на проектот на терен.
 Издвоени се средства за инвестирање во СОУ „Нико Нестор“ Струга, изградба и проширување на објектот. Постапката се очекува да започне наскоро, а гимназијата „Ибрахим Темо“ ќе се опреми со ново спортско игралиште.
 Со средства од општина Струга, е изготвен теренот за изградба на спортската сала, додека со средства од Министерството за образование и наука се работи на терен за изградба на новата спортска сала во с. Делогожда.
 Со програмата на Министерството за образование и наука за 2023 година ќе се обезбедат средства за спортски сали во с. Велешта, Подгорци и ОУ „Јосип Броз Тито“ во Струга.
 Од буџетот на општина Струга се издвоени средства за инвестиции во основните училишта во с. Франгово за фасада, инвестиции во основните училишта во селата Велешта, Мислодежда, Татеши, Корошишта, Ливада, Драслајца итн. ., додека со ребаланс на буџетот и буџетот за 2023 година ќе се обезбедат дополнителни средства за потребите на основните и средните училишта низ територијата на нашата општина.

Facebook Коментари