Време: Претпладне сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер

- Македонија
850

Денеска претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност, попладне на повеќе места  ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 34 степени. Утре претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе има вредност 7, а максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 33 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари