Време: Претпладне сончево и топло, попладне краткотраен дожд и грмежи

- Македонија
560

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура денеска ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени. Утре ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 28 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари