Maкедонија е домаќин на кадетското СП, ова се противниците на нашата репрезентација

- Спорт
513

Maкедонската кадетска ракометна репрезентација ќе учествува на Светското првенство што во период од 8-ми до 18-ти август ќе се одржи во Скопје.

Вчера во Базел се одржа полудиригирана ждрепка во која Македонија одбра група откако беа извлечени сите шешири, по што ги добивиме противниците и целата шема за натпреварување на мундијалот.

Нашата земја е во групата Ц заедно со Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија

Група А: Словенија, Хрватска, Шпанија, Норвешка, Чиле, С. Арабија

Група Б: Унгарија, Шведска, Франција, Египет, К. Тајпеј, Канада

Група Ц : Македонија, Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина, Нигерија

ГРУПА Д: Србија, Исланд, Германија, Тунис, Бразил, Португалија.

Strugaonline

фото: aрхива

 

Facebook Коментари