Време-Претпладне сончево и топло, попладне пороен дожд

Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.
Извор: УХМР

