Почина Тина Тарнер, кралицата на рокенролот

- Хроника
255
Kралицата на рокенролот, пејачката Тина Тарнер почина вчера на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија.
Тина Тарнер, родена како Ана Меј Булок во Тенеси на 26 ноември 1939 година, беше американска соул, R&B, танц, диско, поп, рок пејачка,  и кантавтор. Таа ја носеше титулата „Кралица на рокенролот“. Беше наградена со осум Греми награди, а магазинот ,,Rolling Stone“ ја стави Тина на листата на Бесмртници – најголеми изведувачи на сите времиња.

Facebook Коментари