Време – претпладне сончево и многу топло, попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
763

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со умерен југозападен и јужен ветер. Попладне, можна е локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе има вредност 9, а дневните температури ќе се движат од 33 до 39 степени. Во наредните денови се очекува посвежо време проследено со локален дожд и грмежи. Температурите од ден на ден ќе паѓаат, во среда максималната температура ќе достигне до 35, а во четврток до 33 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари