Денеска претпладне во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд. грмежи и засилен ветер,а ќе има услови и за појава на ситен град. Кон крајот на денот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 21 до 34 степени. Во текот на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со можност за слаб дожд, а се очекува и осетен пад на температурите за околу 9 степени.
Извор: УХМР
Strugaonline
Facebook Коментари