Во Струга одбележан Денот на Охридското езеро

- Локални
933

На свечена манифестација, денеска во Струга се одржа централното одбележување на 21-ви јуни, Денот на Охридското езеро. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, градоначалникот на општина Поградец,  Г-дин Едуарт Капри  и секретарот на општина Охрид.

Во поздравниот говор, градоначалникот Мерко истакна дека  Охридското езеро е вистински дар од природата, а Струга, Охрид и Поградец се прекрасни градови кои нудат одлични туристички услови. Мерко потенцираше дека Општина Струга постојано работи на подобрување на условите за развој на туризмот во нашиот град и дека со таа пракса ќе продолжи и во иднина.

Во рамките на одбележувањето на Денот на Охридското езеро имаше богата уметничка програма, настапија познати културно уметнички друштва од  Струга, Мислешево и Велешта, а имаше и изложба на фотографии на кои беа прeтставени  убавините на Охридското езеро.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари