Време: Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд и грмежи

- Македонија
512

Денеска претпладне ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 34 степени. Утре ќе преовладува сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. УВ индексот ќе има вредност 9, a дневната температура ќе се движи во интервал од 28 до 36 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари