Време- Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со дожд и грмежи

- Македонија
344

Денеска  претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 27 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 29  степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари