Комисијата за заразни болести го дозволи одржувањето на ,,Трка на поезијата“

,,Трка на поезијата“ доби зелено светло од Комисијата за заразни болести.
Организаторите информираат дека првото издание на ,,Трка на поезијата“ е потврдено и ќе се одржи на 23-ти мај.
,,Ние се обрвзуваме да го спроведиме протоколот со максимално придржување на неговите одредби. Истото го очекуваме и од сите учесници кои ќе бидете вклучени на кој било начин во настанот. Како прв атлетски градски настан со дозвола за одржување оваа година имаме обврска сите заедно да бидеме пример за добра организација и максимално придржување на мерките. Само така ќе успееме сите заедно полека да се вратиме на нормалното живеење.“ – велат организаторите.
Веќе е пополнет бројот на учесници, 650 спортисти ќе се тркаат во две дисциплини, 90% од нив се од Македонија, а ќе има учесници и од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.
Ова прво издание е конципирано со мал број на учесници од странство поради состојбата со пандемијата, организаторите планираат оваа трка да се одржува секоја година и да изгради своја традиција, а да учествуваат натпреварувачи од целиот свет.
Strugaonline

Facebook Коментари