Време: Претпладне сончево и топло – попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
843

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време. На повеќе места, температурите ќе бидат надпросечно високи за овој период од годината. Попладне, почнувајќи од запад времето ќе се наоблачува, кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално, се очекува да бидат поинтензивни особено во западните делови во Македонија. Дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 34 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари