Време-Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

- Македонија
460

Денеска ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места, особено во централните и источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. УВ=6. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 34 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 26 до 34 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари