Ковид 19 се појави и во редовите на РК Вардар

- Спорт
714

Коронавирусот не го поштеди ниту европскиот шампион Вардар.  Пред стартот на oфицијалните натпревари во новата сезона и натпреварот со Нексе Нашице, во таборот на „црвено-црните“ има еден ракометар што е позитивен на коронавирус.

По направените тестови, доколку се утврди дека останатите ракометари се негативни, подготовките на клубот ќе продолжат според планот. Вардар досега двапати се тестираше, еднаш пред почеток на сезоната и еднаш пред турнирот во Струга.

Почитувајќи ги сите препораки, пред секој тренинг на играчите им се мери температура и клубот ги почитувал сите мерки за заштита. Заразениот ракометар кој бил позитивен на првиот тест е веќе во изолација, и ќе остане така се додека не добие два негативни теста.
Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК 

Извор: 24 ракомет

 

Facebook Коментари