Време-Променливо облачно и постудено, во западните делови со врнежи од дожд

- Македонија
669

Денеска ќе преовладува променливо облачно и постудено време со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 20 степени. Утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Во западните и југозападните делови на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2), проследени со повремено засилен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 16 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари