Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани

- Македонија
307

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во изјава за медиумите  го соопшти ставот за понудените оставки на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за здравство Илир Хасани откако во Основното јавно обвинителство Тетово беше доставен Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната КОВИД болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.


“Внимателно ги прочитав наодите на истражителите за причините на несреќата во тетовската модуларна болница. Како што е јавно соопштено, со стручните наоди на вештачењето е утврдено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска во приклучен кабел. Врз основа на овие и на претходно добиените информации, сакам да ја известам јавноста дека нема причина да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот д-р Венко Филипче и заменик-министерот за здравство д-р Илир Хасани, кои потсетувам, од морални причини поднесоа оставки кои чекаа на мојата одлука. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор, ќе се произнесат надлежните органи. Останувам на ставот дека нема да дозволам политизирање на трагедијата во тетовската болница.“ – изјави Заев

Тој додаде дека веднаш дал  насоки до Министерството за здравство во најкус можен рок да се извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници.

Strugaonline

Facebook Коментари