Време- Променливо облачно и посвежо со слаб до умерен дожд

Денеска ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Во поголемиот дел од земјата, освен на крајниот југ, ќе има слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 16 до 25 степени.
Утре претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Во поширокото Повардарие ќе дува силен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 15 до 22 степени.
Извор: УХМР

