Икмет Ислами: Екипите на ЈП Комунално-Струга работат неуморно, Струга го добива заслужениот изглед

- Локални
849

Eкипите на ЈП Комунално-Струга извршија машинско косење и уредување на зеленилото на потегот од Евро Хотел до град Струга.

Поставени се и  нови корпи за одлагање на ситен отпад во Паркот на поезијата.

Во текот на акцијата што беше спроведена вчера, екипите на ЈП Комунално-Струга од работната единица јавна чистота извршија темелно чистење во населбата  Езерски Лозја.

,,Во рамките на акцијата се вршеше рачно метење, косење на зелените површини, чистење на ивични траки како и подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите на отпадоци. Исто така, се постави нова урбана опрема, корпи за одлагање ситен отпад и нови клупи за седење.“ -информират од претпријатието.
Продолжува и разубавувањето на градот Струга, од страна на  тимот на „ЈП Комунално-Струга“
,,Продолжува неуморната работа на вработените во „ЈП Комунално-Струга“ за разубавување на градот Струга. Во центарот на градот и во некои други области беа засадени разни цвеќиња, кои му даваат на градот изглед кој претходно му недостасуваше. Им ветуваме на граѓаните дека ова е само почеток, треба многу да работиме, особено во центарот на градот, каде што работата ќе продолжи и градот Струга, како туристички град, ќе го добие заслужениот изглед. Се надеваме дека граѓаните на Струга и туристите кои ќе го посетат нашиот град во оваа летна сезона, ќе бидат задоволни и Струга ќе остане главната дестинација за летниот одмор.“ – изјави директорт на ЈП Комунално-Струга, Г-дин Икмет Ислами.
Strugaonline

Facebook Коментари