Денеска претпладне по котлините со појава на магла. Во текот на денот променливо облачно, попладне со врнежи од дожд кои на места ќе бидат и пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 13 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. По котлините ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари